Пеењето љубовни песни за себе може да звучи како чуден начин да си го минуваш времето, но всушност е терапевтско и одлично е за самопочитта - се разбира, ако веќе немаш пренадуено его, тогаш не би ти го препорачала.

Сум забележала дека во некои денови се будам рано, исполнета со енергија и полет. Станувам со чувство дека сум подготвена „да се соочам“ со светот. Од друга страна, пак, во некои утра ми се чини дека не можам да се помрдна...

Дали чувствуваш ентузијазам кон животот? Се будиш ли возбуден што ќе се соочиш со новиот ден? Дали си заинтересиран за својата работа, и ја работиш ли со концентрација, енергија, и полет? Го работиш ли тоа што би го избрал кога би можел да почнеш одново? ...

Еден ден ми светна дека многу од нас се` уште се бунтуваат... Како мали деца, и не знаејќи зошто. Изненадена бев, речиси шокирана, што го открив ова однесување кај себеси. Си мислев дека сум го надраснала...