Кој си ти?

Сите во животот сме рекле нешто за тоа какви сме, како - срамежлив сум, или интелигентна сум, или глупав сум, или несмасна сум, или бавен сум, итн. Сега кога ја разбираме моќта на зборовите и на умот, сфаќаме дека сите тие изјави едноставно создавале пророштва што се исполнуваат сами од себе.

 Кој си ти?

Сите во животот сме рекле нешто за тоа какви сме, како - срамежлив сум, или интелигентна сум, или глупав сум, или несмасна сум, или бавен сум, итн. Сега кога ја разбираме моќта на зборовите и на умот, сфаќаме дека сите тие изјави едноставно создавале пророштва што се исполнуваат сами од себе.

Следствено, сега може да се пресоздадеме себеси според сликата на Господ. Уф! Знам дека тоа некому може да му се чини тешко, можеби дури и богохулно. Сепак, размислете повнимателно. Библијата вели дека сме создадени според сликата на Господ... Што значи тоа? Треба да ги имаме, или да ги стекнеме, истите особини што ги има Господ - полни со љубов, сезнајни, способни да создадеме што сакаме, вечни, способни да простуваме, секакви добри нешта.

Сите ја имаме моќта да бидеме што и да посакаме. Ако постојано си велел за себе дека си стрплив, тогаш си се афирмирал себеси како таков. На истиот начин, ако со години си потврдувал дека си нестрплив, сега си тоа што си. Но тоа може да се смени. Секое утро кога се будиме, пред нас е нов ден во кој може да бидеме што и да избереме. Секојдневно може да се пресоздаваме, особено кога свесно ќе избереме да се ослободиме од старите незадоволства, навреди, обрасци, страв, итн.

Наутро, почни го денот со потврдување: Ја имам моќта да бидам што и да посакам. Избирам да бидам полн со љубов, спокоен, радосен, хармоничен, просперитетен, и стрплив со себеси и другите. Штом ќе и` ја соопштиш твојата намера преку афирмацијата на својата потсвест, таа ќе соработува помагајќи ти да ја создадеш саканата стварност. Од друга страна, пак, ако се разбудиш велејќи: Колку сум уморен; Се мразам себеси (поништи); Ништо не ми поаѓа од рака (поништи), тогаш твојата потсвест исто така ќе го слуша тоа што го велиш. Затоа со сигурностафирмирај го тоа што сакаш да го создадеш, а не тоа што не сакаш.

Јас избирам да бидам јас! И секој ден повторно откривам кој е тоа, без условената збирка правила, т.е.: Јас сум жена, па мора да се шминкам, да носам парфем, да се омажам, да родам деца, да му готвам на маж ми, итн. Јас сум маж, па мора да ги издржувам жената и децата, да бидам глава на семејството, итн. Напуштивме многу од традиционалните очекувања за тоа кои треба да бидеме, било како жени или мажи, но колку нашето однесување е условено од нормата? Може да се оттргнеме од предрасудите за тоа што сме така што ќе почнеме да живееме во мигот, и така што ќе ја слушаме песната на нашето срце.

Некои луѓе се плашат од промените... па сепак се менуваме во секој миг. Не си истата личност од вчера... Оттогаш си имал бројни интер-реакции (познати и како интеракции), си научил нешта што не си ги знаел, и си имал искуства што не си ги доживеал претходно. Така што сега си нов ти!

Нема цврста дефиниција за тоа кој си ти. Ти си кој било или што било што ќе избереш да бидеш во тој миг. Дозволи му на детето во себе и на твоите најдлабоки желби да те водат до тоа што си во овој миг, и до тоа што ќе станеш во следниот. Ослободи се од сите дефиниции за себеси... како мрзелив, глупав, нестрплив, итн. Тоа се само парчиња облека кои ги навлекуваме на себе. Како што секој ден се пресоблекуваш, секој ден, секоја минута може да ја смениш и твојата гардероба на карактеристики. Сега сум полн со ентузијазам, а вчера се чувствував поинаку... Имај предвид дека ти не си ниедно од тие нешта. Не си лутината, не си нестрпливоста, не си стравот. Едноставно избираш да ги доживееш или прикажеш тие емоции.

Сите ние сме одлични актери. И слободно може да ја толкуваме која било улога што ќе ја избереме. Па ако улогата што ја толкуваш не ти носи радост и среќа, погледни внатре - види која улога би го израдувала детето во тебе, и би направила душата да ти запее. И почни да се однесуваш како веќе да е така. Како веќе да си енергијата што би сакал да ја отелотворуваш.

Слободен си да бидеш... Дозволи му на срцето да те води до тоа што сакаш да бидеш во овој миг, па во следниот... Нема исправни или погрешни одлуки... сите се само искуства. Како што одредено парче облека ти се допаѓа повеќе од некое друго (нешто ти е комфорно, во нешто се чувствуваш добро), ќе откриеш дека одредени начини на однесување исто така ти годат, давајќи ти повеќе ентузијазам и радост за животот.

Избери... Кој сакаш да бидеш денес? Или само во овој миг? Живеј во мигот и избирај го тоа што ќе му донесе најмногу радост и мир на твоето внатрешно битие. Само напред! Биди тоа што навистина сакаш да си!.. А тоа што навистина си... Ти си бесконечен, сезнаен, семоќен... Да! Тоа си ти. Влези во себе и откриј ја вистината!

од Мари Т. Расел (Marie T. Russell)
Преведе Magdalena Horvat

Преведено од "Who Are You?" на www.innerself.com.


Препорачана книга (English): 

The Courage To Be Yourself
by Sue Patton Thoele.

Info/Order book


russell_bio_macedonian