Multi-language edition: |
| Вие
сте тука: ArmoniaInterior
> Македонски
> оваа
страница Преведувачи
|
|
|
Ова е нов ден!од
Мари Т. Расел Преведе Magdalena Horvat Секој ден е нов ден. Тоа е несомнен факт. Секој ден кога се будиме, ни претстои ден поинаков од претходниот. Уште еден сосема нов ден што ни носи 24 часа да се истражат и доживеат! Прифаќајќи го секој нов ден со свежина и ентузијазам, ќе внесеш повеќе сила и радост во својот живот. Може ли нешто да му попречи на твоето доживување на новиот ден? Тоа зависи од твоите идеи за себеси, другите и светот околу тебе. Да почнеме од тебе. Дали го гледаш животот како една бескрајна сага составена од низа еднолични денови? Знаеш: „се` по старо, како вчера така и денес“? Дали имаш верувања за себеси како: „Ох, не знам да пеам. Немам слух,“ или „Не знам да цртам. Не сум уметник,“ или „Толку сум несмасна. Имам две леви раце. Баш сум глупава!“ Тие зборови отсликуваат внатрешни верувања, кои наскоро стануваат пророштва што спонтано се исполнуваат. Не` заклучуваат во одредена состојба на умот, или карактеристичен образец на однесување. Сите тие изјави прикажуваат верување што сме го избрале и прифатиле за себеси. Таквите верувања се пречки за какви било нови искуства или нови денови. Да ги разгледаме врските. Кога го употребувам терминот врски, не мислам само на интимните врски, туку со сите во твојот живот... колегите, семејството, луѓето што ги сретнуваш во продавница, другите учесници во сообраќајот... сите! Многумина од нас ги класифицираат луѓето како „фини“, „пријателски“, „вообразени“, „интелигентни“, „глупави“, „несмасни“, итн. Формираме ставови за нив: „Ах, тој! Многу е мрзлив.“ или: „Џек е толку добар сликар. Штета што ќерка му не знае да црта.“ Забележи како се одгледува поголемиот број деца. Во одреден миг од нејзиното детство, некој решава (или донесува заклучок) дека малечката Сара не знае да пее, несмасна е, се смее премногу гласно, или дека е интелигентна, или што било. Без разлика каков е заклучокот, изјавите се повторуваат пред пријателите, семејството, туѓинците и, за жал, малечката Сара. Таа потоа го прифаќа тоа како нејзина стварност... сепак, тоа доаѓа од устата на „божествен“ родител или возрасна личност. Сите тие изјави и ставови поддржуваат нечија перспектива на стварноста. Кога ќе ги прифатиш како свои, тоа те става во калап каде што имаш одредени фиксирани очекувања. Не ти даваат простор за промена; а бидејќи животот се засновува на промената, тие верувања не оставаат простор за чуда. Како да се живее секој ден како да е сосема нов? Прво, мора да се напуштат сите предрасуди и верувања за секого и сешто. Почни со себеси и луѓето во твојата непосредна околина. Кога станува збор за тебе, може да сториш две нешта - да си ги смениш верувањата и да го смениш однесувањето. Ако веруваш дека секогаш доцниш (и сакаш да го смениш тоа), тогаш престани да велиш дека секогаш доцниш. Кога си велиш: „Секогаш доцнам,“ телото и умот го сфаќаат тоа како наредба. На истиот начин, ако почнеш да потврдуваш: „Секогаш сум на време,“ тоа се зема како упатство и твојата потсвест и свест ќе работат на создавањето на твојата нова стварност. Па почни го секој ден одново. Избриши ја таблата од сите навреди и какви било ставови кои ги носиш за себеси и другите. Дај им на луѓето (вклучувајќи те и тебе) шанса да се сменат. Дај му шанса на мирот! Сфати дека сите растат и еволуираат секој ден. Може да помогнеме во тој процес така што кај луѓето ќе гледаме можности наместо ограничувања. Дај си шанса себеси! Дај им на сите простор за растење очекувајќи го најдоброто од нив. Наместо да претпоставиш дека луѓето ќе се однесуваат „негативно“, претпостави дека се невини. Верувај во највисоката природа на секој човек. Бидејќи нашите верувања и очекувања имаат магнетно дејство, не мислиш ли дека е подобро да го очекуваш најдоброто, за да го привлечеш токму тоа? Розови очила, велиш? Да! Претпочитам да го гледам светот и сите во него позитивно, па така им давам сила на сите да бидат најдобри. Зошто да му даваме енергија на тоа што не ни се допаѓа? Ако сакаш да бидеш подобра личност, ако сакаш врски исполнети со љубов, почни со менување на твоите верувања, на твоите очекувања. Потоа смени го своето однесување. Однесувај се пољубезно. Прифаќај ги луѓето, обојувајќи ги средбите со нив со повеќе љубов. Очекувај го најдоброто! Гледај ги луѓето како Божествените суштества кои и се. Претстави се себеси во светот како мирно, хармонично место исполнето со љубов. Очекувај го најдоброто што го посакуваш... Се` е можно! Конечно, ова е нов ден. Почести се себеси со нова перспектива секој ден. Почни да очекуваш чуда и тие ќе се случат! Преведено
од " |
|
|
За авторот
|
Препорачана
книга: |
|
INNERSELF
BOOKS |
|
Index of articles in |
|
New Attitudes - New Possibilities © 2001 InnerSelf Publications, Cape Breton, Nova Scotia, Canada. |
|
InnerSelf Publications
Website Menu ArmoniaInterior | Natural Yellow Pages | Florida Naturally | Natural Hawaii |
|
New Attitudes - New Possibilities © 2001 InnerSelf Publications, Altamonte Springs, FL. |
|
InnerSelf Publications
Website Menu ArmoniaInterior | Natural Yellow Pages | Florida Naturally | Natural Hawaii |
|
New Attitudes - New Possibilities © 2001 InnerSelf Publications, Altamonte Springs, FL. |